По невремето, поплава во Долни Подлог, жителите бараат помош

Од:

Кочанското село Долни Подлог е најтешко погодено од синоќешното невреме, улиците и дворовите на куќите се поплавени.

Тимот на Градскиот фудбалски клуб Осогово е на терен и му помага на населението.

Тие преку Твитер, упатуваат апел до сите кои се во можност и имаат механизација за испумпување на вода, да им помогнат на жителите на Долни Подлог.

Од УХМР предупредуваат дека до недела ќе преовладува променливо облачно време со услови за пороен дожд и грмежи, а на места и во форма на невреме со интензивен дожд.

Би можело да ве интересира

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег