Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно и релативно топло време.

-Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h