По налог на Богдановиќ инспектори „чешлаат“ три објекти во Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, со устен налог испрати инспекција на три објекти: на приватен објект на Кале, приватниот објект зад стара „Томче софка“ и Градска куќа со хотелскиот комплекс, која порано беше во сопственост на Кондаминас.

Инспекторите испитуваат дали сопствениците на објектот на Кале имаат одобрение за градба и неопходна документација.

Кај објектот зад стара „Томче софка“, не е истакната задолжителната табла со податоци за инвеститор и одобрение за градење, што е спротивно на законот.

Од сопственикот и од инвеститорот на Градска куќа со хотелскиот комплекс, која е дел од проектот „Скопје 2014“, побарана е целосната документација.

Инспекторите врз основа на констатираната фактичка состојба ќе изготват решенија за натамошните постапки на општината, соопштуваат од Центар.

Би можело да ве интересира

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ