По една година од изборот, во петок реконструкција на Владата на Заев

Од:

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе се одржи во петок на 1 јуни. На дневен ред ќе бидат избор на нови членови на Владата, што мора да заврши до полноќ, а како втора точка е избор на заменици министри.

Изборот на нови членови на Владата се поклопува со годишнината од формирањето на новата Влада на премиерот Зоран Заев.

За нови министри се предложени Рената Дескоска за правда, Арбр Адеми за образование, Асаф Адеми за култура и Бардил Даути без ресор. За заменици министри се предложени Андреј Жерновски за заменик министер за надворешни работи, Асим Муса за заменик министер за здравство, Ѓонул Бајрактар за заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири за заменик министер за транспорт и врски.

Деталите за одржувањето на седницата беа дефинирани на денешната редовна понеделничка средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која повторно не присуствувал претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, за четврток во Собранието веќе е закажана седница за пратенички прашања во Собранието.

Други активности во Парламентот за неделава не се закажани, ако не се земе предвид редовната месечна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на медиумите.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он