По цели 50 години Општина Центар ја реконструира улицата „Бигла“ на Водно

Од:

По цели 50 години, за жителите на улицата „Бигла“ на Водно, калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен бетон, а некаде е покриена со кал.

Општина Центар ја започнува реконструкцијата на улицата која е полна со ударни дупки кои претставуваат опасност за движење на граѓаните и возилата.

Каблите на операторите висат на улицата и им пречат на жителите и минувачите. Вистински куриозитет претставува фактот дека последен пат улицата била уредена при посетата на Јосип Броз Тито, соопштуваат од Општината.

Улицата „Бигла“, која се наоѓа спроти Клиничкиот центар, ќе добие нов водовод, асфалтиран коловоз со површина од 520 м квадратни, реконструирано осветлување со најнова ЛЕД технологија, а каблите на операторите ќе бидат спуштени под земја според европските стандарди.

Со ова, повеќедеценискиот проблем на жителите на „Бигла“ ќе биде решен, велат од Општина Центар.

Следни улици на Водно каде општина Центар ќе ги асфалтира атмосферската канализација и коловозот се улиците „Караорман“, „Капиштец“ и веднаш потоа и „Рилски Конгрес“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски