По апсењата и Љубе Бошковски однесен на информативен разговор

Од:

А1 дознава дека претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е однесен на распит за убиството на Марјан Тушевски.

За истото изутринава беа приведени неговиот шеф на обезбедување и уште осуммина поранешни припадници на МВР.

Љубе Бошковски и претходно беше повикуван на разговор на кој според наши сознанија отфрлил било каква поврзаност со убиството на Марјан Тушевски.

Во текот на изборната кампања Бошковски во повеќе наврати предупредуваше дека власта сака да му го намести предметот „убиство на Марјан Тушевски“ за да го смести во затвор.

За тоа дека се монтира случајот предупреди и претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов претходно: „По сослушувањето на Љубе Бошкоски од страна на државната безбедност пред неколку месеци, деновиве МВР и Обвинителството распрашале над 40 вработени во МВР со цел да му монтираат уште една кривична пријава на Љубе Бошкоски за божемна вмешаност во убиството на Марјан Тушевски во декември 2001 година“.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он