По 64 години ќе се реконструира и проширува градинката „13-ти ноември“ во Центар

Од:

По 64 години, градинката „13-ти ноември“ целосно ќе се реконструира и ќе биде извршено неопходното проширување.

Општина Центар излезе во пресрет на барањата на родителите за подобрување на условите каде што престојуваат нивните деца. Реконструкцијата ги опфаќа канцелариите, занималните, комуникациите, санитариите, кујната и техничките простории.

„Градинката ќе стане енергетски ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето ќе бидат со најсовремени еколошки материјали.

Конечно, ќе се реши огромниот проблем со руинираниот паркет и ламинат, како и со влагата која имаше штетни последици врз здравјето на децата и на вработените.

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, ќе се дислоцираат до постоечкиот приклучок во градската канализациона мрежа.

Ќе се изврши целосна реконструкција на подрумниот простор, приземјето и катот и на истиот ќе има зголемување на површината.

Според стандардите за производство и пласман на храна (НАССР), за другите клонови и за опслужување на чајната кујна во градинката, која ќе се наоѓа на првиот кат, за прв пат ќе се постави лифт за храна.

Градинката ќе има нови плочки, прозори, грејни тела, подови, како и нова електрична инсталација“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски