По 33 години реконструкција на Железничката станица во Скопје

Од:

Железничката станица во Скопје до 2015 година  треба да биде целосно реконструирана. Постапката за  рехабилитацијата и надградбата почна денеска со објава на тендер за избор на градежна компанија.

– Проектот го реализираме со помош на ЕУ, со финансии во износ 2,5 милиони евра, од кои  85 проценти  се од ИПА фондовите, а 15 проценти од домашно финансирање. Реконструкцијата  се случува по цели 33 години, односно од  изградбата на Железничката во 80-тите години, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тендерот трае до 3 септември, а Јанакиески очекува  изборот на градежната  компанија да заврши најдоцна до јануари наредната година и да почнат градежните работи. Предвидено е изградбата да трае 12 месеци, што значи дека до 2015 година треба да имаме целосно реконструирана Железничка станица во Скопје, истакна Јанакиески.

Најголем дел од инвестицијата ќе биде внатрешно уредување на Железничката. Со изготвениот основен проект според европските и националните стандарди, треба да се рехабилитираат приземјето, мезанинот и платформското ниво.

Се планира подигање на нивото на перонската платформа, поставување два нови лифта, замена на скалишните краци од мезанинот до платформата со нови, реновирање на чекалните, поставување нови информативни табли… Ќе се реновираат и влезот во станицата со  пристап за лица со хендикеп и тоалетите.

 – Веќе се изготвени и проектите за останатите  10 железнички станици на Коридорот 10 и во текот на месецов во соработка со ЈП „Инфраструктура“ ќе ги доставиме документите до ЕК, најави Јанакиски.

Преку Железничката станица во Скопје минатата година се превезени 653.868 патници, а во 2011. 947.119.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е постапката за набавка на нови вагони, Јанакиески рече дека целосната документација е доставена до  Европската банка за обнова и развој. Чекаме забелешки или одобрување од банката, по што ќе следи јавниот повик, посочи Јанакиески.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска