По 2 децении, комплетна реконструкција на „Питу Гули 2“ на Водно

Од:

Општина Центар ја започна комплетната реконструкција на вториот дел од улицата “Питу Гули“ на Водно.
На терен се изведува нова водоводна мрежа.

Во должина од 600 метри ќе се реконструира постојната улична мрежа, ќе се асфалтира коловозот и ќе се постават нови тротоари со павер елементи.

Оваа улица, иако се наоѓа во елитниот дел на населбата и е една од пофреквентните и позначајните за овој дел на Скопје, досега немаше атмосферска канализација. Водите при секој пообилен дожд се собираа и создаваа проблеми. Со новата атмосферска канализација која што ќе се постави по целата должина на вториот дел од улицата “Питу Гули“ со краците, водите од сите попречни улици ќе се прифаќаат на едно место. Граѓаните се жалеа и на дупките од прекопите.

Старата водоводна мрежа, која беше дотрајана и азбестна, не ги задоволуваше потребите на граѓаните, ниту новите стандарди. Сега на улицата ќе биде поставена нова водоводна мрежа во должина од 350 метри.

Општина Центар, по „Питу Гули“, планира да започне со реконструкција на „ Ганчо Хаџипанзов“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“ и „Караорман“. Со ова се заокружува обновувањето на улиците на овој дел на Водно, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски