По 15 години, просторот кај „Билна аптека“ со нов лик

Од:

Повеќе од 15 години жителите на просторот меѓу стара и нова „Билна аптека“, се жалат дека немаат уредена пристапна улица, паркинг-простор, дека се’ е запуштено и темно бидејќи нема поставено улично осветлување, велат од Општина Центар.

Bilna Apteka (2)

„Овој огромен простор нема ни атмосферска канализација и затоа се правеа дупки каде што се слеваше водата, и заради тоа автомобилите и граѓаните не може безбедно да се движат.

Bilna Apteka (3)

Општина Центар почна со конечно решавање на овој проблем. Просторот на 2150 м2 ќе добие нов лик. Веќе се поставени новите канделабри и се чека приклучок од ЕВН.

Bilna Apteka (6)

Со ова ќе се осветлат и новиот паркинг простор, кој што ќе биде изграден, локалното детско игралиште и пристапната улица.

Bilna Apteka (4)

 

Ќе се гради атмосферска канализација во должина од 135 метри, каде што ќе слеваат водите. Откако ќе се реши прашањето со водовот, ќе се направи пристап до повеќе објекти и просторот ќе се поплочи со бехатон коцки“, велат од Општина Центар.

Bilna Apteka (5)

 

Овој проект е дел од акцијата на општина Центар „Работно лето 2015“

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила