А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

По 100 илјади евра дополнителна помош од Владата за Србија и БиХ

by А1он20/05/2014 - 17:04215
Share0

Македонија од државниот буџет ќе одвои по 100 илјади евра како дополнителна помош за Србија и Босна и Херцеговина, одлучи Владата на денешната седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Владата исто така одлучи сите средства коишто ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација ќе бидат до денар процесионирани како хуманитарна помош за БиХ и за Република Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош и ќе биде испратен во загрозените региони по завршувањето на целокупната акција којашто трае до 30-ти овој месец, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој апелираше до сите фирми кои сакаат да донираат помош за настраданите од поплавите во Србија и БиХ, пред да го сторат тоа, да побараат мислење од Министерството за правда за да бидат ослободени од определени даночни оптоварувања.

– Сакаме да испратиме совет до сите фирми коишто имаат интерес и намера да донираат определени добра како помош до Република Србија и до Република БиХ, пред да го направат тоа, да побараат мислење од Министерството за правда дека се работи за донација од јавен интерес и истото ќе го добијат во брз временски интервал и на тој начин ќе бидат ослободени од определени даночни оптоварувања согласно законските прописи, истакна Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube
poplavivlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Горан Наумовски06/09/2026 - 08:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео