По 10 починати дневно од Ковид-19 во земјава за само еден месец

Од:

„Не знаеме што се случи после 14 февруари годинава“, коментираат здравствените работници, откако во земјава нагло почна да расте бројот на новозаразени и починати од коронавирусот. Само во последниве 24 часа, има 21 починат и 947 новозаразени од вирусот.

Ако се направи споредба со податоците од минатиот месец (10 февруари – 11 март), во последниве 30 дена, во просек дневно 10 луѓе умирале како последица на Ковид-19, а се заразувале нови 150 на дневна основа.

На 10 февруари годинава, во земјава имало 5.933 лица заразени од коронавирусот, а бројката на починати изнесувала 2.959.

За само 30 дена, ситуацијата драстично се менува – активните случаи растат речиси двојно – на 10.374, а смртните случаи на 3.265.

Состојба со Ковид-19 на 10 февруари
Состојба со Ковид-19 на 11 март

Ова значи дека само за еден месец, бројот на активни случаи се зголемил за околу 4.400 лица, а бројот на смртни случаи за 306 луѓе. За 30 дена, како излекувани се водат 9.726 лица.

Како причина за ова дел здравствени работници сметаат дека е британскиот сој на вирусот, за кој се смета дека се шири многу побрзо, но и недоволното почитување на мерките од страна на граѓаните.

Од вчера на сила е полицискиот час, кој ќе трае 12 дена, до 22 март. Забрането е движењето од 22 часот навечер до 5 часот изутрина, а образложението за ваквата одлука е дека во вечерните часови имало голем број групирања кај младата популација, која се смета за најголем преносители на вирусот.

За оваа владина мерка, донесена на предлог на Комисијата за заразни болести, имаше голем број негодувања, со оглед на тоа што во меѓувреме, работат кафулињата и рестораните, базените, кладилниците, фитнес центрите, а преполни се и трговските центри и автобусите на ЈСП.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски