Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во Куманово и во Черкези

Од:

Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа во Куманово, а опожарен бојлер зафатил и кровна конструкција на куќа во Черкези, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

– Пожарникарите интервенирале на опожарена плинска боца во семејна куќа на улица „Народна Револуција”. Интервенирано во 10.20 часот со едно возило и петмина пожарникари. Зафатена била една соба од објектот при што е направена материјална штета која допрва ќе се утврдува, соопшти РЦУК.

Пожарот е локализиран и завршен во 11.20 часот.

Втората интервенција на опожарен бојлер била во семејна куќа во село Черкезе во временски период од 16.25 до 17.25 часот. Пожарникарите интервенирале со една екипа. Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот. Причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип