А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Плевнелиев и Борисов ја одбија Македонија

by А1он11/12/2012 - 13:4912/12/2012 - 09:31209
Share0

Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов разговараа за позицијата на Бугарија за одредување на датум за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го соопшти прес секретаријатот на шефот на државата.

Темата ќе биде во фокусот на претстојната седница на Европскиот совет во Брисел во четврток.

Бугарија ќе биде меѓу земјите кои нема да го поддржат определувањето датум за почеток на преговори со југозападниот сосед, стои во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Росен Плевнелиев и Бојко Борисов се категорични дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија, но бугарската поддршка не е безусловна и зависи од исполнувањето на критериумите за членство, меѓу кои приоритетно место заземаат добрососедските односи.

Според претседателот и премиерот – изгледите за добивање датум, ќе се одобри не преку пропаганда и “маркетинг кампањи”, туку преку реални активност иза зајакнување на добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија.

За да се постигне напредок во оваа насока, Бугарија и предложи на Македонија двете земји да потпишат Договор за добрососедски односи, пријателство и соработка врз принципите на Декларацијата од 1999 година, да се постигне договор за заедничко чествување на значајни личности и настани од заедничката историја и да се прекине антибугарската кампања и замената на историски факти, стои во соопштението.

bugarijaeu

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео