Плевнелиев: Бугарија не е втора Грција

Од:

Бугарија не е втора Грција, не става вето за Македонија туку инсистира на добрососедски односи како критериум за членство во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев запрашан за позицијата на Софија кон Скопје.

– Да сме на јасно. Бугарија не е втора Грција. Бугарија не води војна, да не зборувам дека е апсурдна тезата дека ние адресираме некакви внатрешни  проблеми со оглед на претстојните парламентарни избори, изјави Плевнелиев во емисија на бугарската телевизија.

Тој рече дека со Владата добро ги усогласиле позициите во однос на соседната држава, а прашањето за позицијата кон Македонија било разгледано и на вчерашната средба што ја одржал со поранешните бугарски претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов.

Според Плевнелиев, Европа во изминативе години, за жал, не секогаш ги почитуваше правилата, а и многу често проблемите не се посочуваа, не се адресираа. Токму затоа смета оти одговорната позиција на Бугарија  не е сега да молчи, а во текот на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да наложи вето, наведувајќи дека Бугарија треба да е максимално коректна и добронамерна.

– Ќе го посочиме проблемот, тој беше многу јасно адресиран – добрососедство како критериум за да бидеме членови на едно исто семејство. Затоа што ако ние сакаме сите да бидеме членови на европското семејство треба да ги почитуваме неговите вредности, а една од највисоките вредности е добрососедството, вели Плевнелиев.

Тој оцени дека Бугарија зазела една многу одговорна позиција зашто не наложила вето врз Македонија, туку напротив, вели, европските министри во Европскиот совет се обединиле околу тезата дека добрососедството е важно како и напредокот во однос на демократскиот развој на Македонија.

– Ние немаме никакви проблеми во однос на регионот, луѓето, се разбираме добро. Но сакаме да посочиме на проблемот каде тој постои. И тој е еден и е многу јасно наведен од нас – денес власта во Скопје за жал не ја исполнува декларацијата за добрососедство која беше потпишана во далечната 1999 година. Објективен критериум – имаме изјава, а не се почитува. Ништо повеќе не бараме и затоа велиме дека таа декларација околу која се обединивме да се претвори во договор, стандарден текст. Бугарија го потпиша со Грција, со Србија, со Романија, коментира Плевнелиев.

Според него, аргументите на Бугарија се посочени јасно во неговите искази како и во изјавите на премиерот Бирисов и на министерот за надворешни работи Младенов.

– Ние посочивме дека декларацијата за добрососедство треба да се претвори во договор за добрососедство.  На ниво на влади да го потпишеме договорот и  потоа да го почитуваме, а Брисел ќе биде гарант, рече бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија