Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици. А сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината велат од Министерството за здравство по денешниот предупредувачки протест на здравствените работницi.
– Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и Министерството и министерот Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе од две покачувања во годината. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално има беше образложен пристапот на Владата и Министерството за здравство во однос на покачувањата. се вели во соопштението од Министерството за здравство.