Отворено писмо на Платформа за родова еднаквост: Политичките партии да покажат заложба за родова еднаквост во пракса

Од:

Платформата за родова еднаквост, која е составена од 27 невладини организации, преку отворено писмо ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи, а политичките партии да ги одржат своите ветувања и да покажат заложба за родова еднаквост во пракса преку родово-балансирани кандидатски листи на локалните избори.

Според нив, еднаква застапеност меѓу кандидат(к)ите значи и еднакви шанси за избор и на жените и на мажите во градоначалничката трка и само со практични чекори можеме да видиме суштински промени и подобрување на родовата еднаквост во економската, социјалната, политичката и во сите други сфери на општеството.

-Во моментов имаме само шест градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно повторување на традицијата која ги прави жените невидливи во изборите. Жените само декларативно имаат право да бидат избрани и да изберат да бидат претставени. Да потсетиме, на локалните избори во 2013 година беа избрани само четири градоначалнички наспроти 76 мажи градоначалници, а во 1996 и 2009 година немаше ниту една градоначалничка, потсетуваат од Платформата.

Значајно и релевантно политичко учество, додаваат, значи минимум застапеност од 40 отсто на жените и мажите во политичкиот и јавниот живот.

-Како предлагачи на изборните листи, политичките партии се и чувари на портите што го олеснуваат влезот и успехот на поединците во политиката. Потсетуваме дека нема недостаток од квалификувани и искусни жени кои би можеле да преземат политички функции, туку општествени и структурни бариери за нивно вклучување. Затоа, тие мора да се повидливи и охрабрени да се вклучат во политичката трка, истакнуваат од Платформата.

Посочуваат дека е особено важно да се спомене дека и во изборните програми на партиите, најголем дел од нив ветуваа унапредување на политичкото учество на жените, вклучително и на локално ниво.

-Но, и покрај овие заложби, родовата нееднаквост е присутна на речиси сите нивоа на владеење, како на локално, така и во извршната власт каде од вкупно 16 министерства, само четири се предводени од жени. Декларативните заложби не ја унапредуваат фактички родовата еднаквост, порачуваат од Платформата.

Би можело да ве интересира

ОКСМ ја презентира програмата за 2022 година, цели – Надминување на родовиот јаз и едукација за родовата еднаквост во спортот

А1он

Платформа за родова еднаквост: Медикаментозниот абортус да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови

Ана Ололовска

МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

А1он

Заев: Отворено делуваме за поголема родова рамноправност – жените денеска се повеќе раководат со високи позиции

Ана Ололовска

МОН во одбрана на родовата еднаквост во образованието: Децата ќе учат за своите чувства и заштитата од насилство

Жарко Настоски

Шахпаска: Борбата за родова еднаквост продолжува и нема да престане​ до исполнување на целта