Платформа за родова еднаквост: Иванов во говорот пред пратениците покажа основни непознавања

Од:

Платформата за родова еднаквост, во која учествуваат повеќе организации од земјава, денеска преку соопштение реагира на изјавата на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Македонија од 26 декември годинава, каде што тој посочил дека ратификацијата на Истанбулската конвенција со себе носи и одредени ризици, односно дека Конвенцијата „воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт што е независен од биолошкиот пол и што може да се менува според волјата”.

Од платформата сметаат дека ваквата изјава на претседателот покажува основно непознавање на меѓународната и националната рамка за заштита од родово заснованото насилство и дискриминација.

„Дефинирањето на родот како поим кој ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите претставува основен чекор во борбата за еднаквост меѓу мажите и жените. Впрочем, оваа дефиниција е и основата за донесување на меѓународните и националните документи кои го третираат прашањето за родовата (не)еднаквост и за нејзиното надминување. Разбирањето на родот како социјален конструкт, а со тоа и дефинирањето на родовите улоги не е воопшто новост ниту во политичката теорија, ниту во правото, напротив поминато е повеќе од половина век од првите конструктивистички теории. Оттука, нејасно е како претседател на една држава и на сите граѓани и граѓанки може да се спротивстави на дефиниции кои придонесуваат за надминување на историската и фактичката нееднаквост меѓу мажите и жените“, истакнуваат од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму додаваат дека несогласувањето со ратификацијата на Истанбулската конвенција воедно значи и одобрување на родово заснованото насилство, особено ако се земе предвид дека дефинирањето на родот како социјален конструкт е проблематично за Иванов.

„Наметнатите и прецизно дефинирани родови улоги и норми се појдовната позиција која генерира насилство и шовинизам во сите општествени сфери. Со ваквата изјава претседателот се залага за презервирање на родовите улоги и норми кои генерираат насилство кон жените. Претседателот е уплашен и од фактот што согласно со одредбите на конвенцијата се нуди заштита од насилство и дискриминација на родовите и сексуалните малцинства, со што претседателот директно застанува против заштитата од дискриминација, вознемирување и насилство кон ЛГБТИ луѓето, со што го поттикнува истото и го негира нивното право на живот“, потенцираат од Платформата за родова еднаквост.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски

Синодот на МПЦ, граѓани и видни гости на протест пред Соборниот храм во Скопје

Тренчевска: Северна Македонија е за унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности

Горан Наумовски