Во кумановското село Долно Којнаре денеска ќе бидат презентирани два проекти кои започнуваат да се имплементираат во Североисточниот плански регион.Тоа се проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини, финансиски поддржан од страна на Британската амбасада во Скопје, и воспоставување платформа за регионална рурална акција, технички и финансиски потпомогнат од Министерство за локална самоуправа на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Како што е најавено, на промоцијата ќе се обратат Лирим Шабани, министер за локална самоуправа, Чарлс Гарет, британски амбасадор во Република Македонија, Луиса Винтон, постојан координатор на Обединети нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), како и Зоран Дамјановски, председател на Советот на градоначалници на североисточен плански регион.