Планинарите од „Козјак“ се искачија на Перен

Од:

Членовите на спорско-планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово 10-ти пат денеска организирано се искачија на највисокиот врв на планината Козјак.

Меморијалниот марш беше посветен на претседателот Борис Трајковски кој трагично загина на 26 февруари пред единаесет години.

– Вкупно 35 планинари се упатија кон Арбанашко, а завршија и со искачувањето до врвот Перен, највисокиот на Козјак, 1.326 метри. Учесниците на маршот се спуштија во селата Дејловце и Бајловце, минуваат низ маркирана патека, информира секретаротна клубот Мартин Величковски.

Овој месец, додаде, планинарскиот клуб почнува со организирање планинарска школа за ученици до 15-годишна возраст, како и со работни акции во двата планинарски дома кои се наоѓаат во подножјето на планина Козјак, планинарски домови Длабочица и Караула.

Би можело да ве интересира

Девојка замрзна до смрт, партнерот обвинет за убиство

Пронајдени се телата на двајца хрватски планинари на Алпите

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

Голема потрага по двајца планинари кои се изгубија на македонско-косовската граница

(ВИДЕО) Спасувачка акција на Шар Планина: Две Американки се изгубија, спасувачите ги бараа цела ноќ

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско