Планинарите од Кочани им однесоа лекови и храна на жителите од планинските села од Осоговијата

Од:

Најнеопходните лекови и извесни количини храна добија жителите на неколку маала од селото Полаки на Осоговските планини. Им ги однесоа членовите на планинарското-спортско друштво „Осогово“ од Кочани, кои самоиницијативно организираа хуманитарна акција за собирање донации.

– Снегот и ниските температури го отежнуваа пристапот до куќите, па овие луѓе беа отсечени од цивилизацијата. Пешачевме 25 километри и посетивме петнаесетина домаќинства со стари лица над 70-годишна возраст на кои им ги донесовме лекарствата за да можат полесно да ги преживеат зимските услови, истакна претседателот на ПСД „Осогово“, Тошо Антов.

Во акцијата учествувале десетина планинар, кои поради отежнатите услови за пешачење, како и ограниченоста на тежината што може да ја носи секој од нив, доставиле лекови и храна со подолга трајност. На апелот за собирање помош се јавиле поголем број фирми и поединци од Кочани, но и од Виница, Скопје и други градови во Македонија.

Во следната акција кочанските планинари ќе пешачат до селата Небојани и Главовица кои се меѓу најоддалечените од градот.

Планинските села во Осоговијата се од разбиен тип, зафаќаат поголема територија и во зимски услови тешко се стигнува со возила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот