Пјат: САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина

Од:

Ние сме мошне заинтересирани да успее дипломатијата што во овој момент е во тек, вели американскиот амбасадор во Грција во однос на разговорите за името меѓу Македонија и Грција.

Говорејќи на панел дискусија во рамките на Економскиот форум во Делфи, Грција, Џефри Пјат, рече дека најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу процесот и перспективите.

– Она што би го кажал е дека е многу јасно за САД дека и двете страни, грчката влада и владата во Скопје ова го гледаат како момент за можност во смисла на тоа, ова прашање да го остават зад себе, рече американскиот амбасадор.

Џефри Пјат, одговарајќи на прашање на панелот објасни дека САД се загрижени за реалното руско влијание на Западен Балкан, а руското влијание е дополнителен поттик за Америка да работи и да инвестира за задржување на европскиот и евро-атлантскиот напредок на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Земјите од Персискиот Залив наводно бараат од Израел и САД да продолжат со нападите врз Иран

Горан Наумовски

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“