„Пивтијада 2017“ во Крива Паланка

Од:

Над 7.000 парчиња пивтии приготвени по традиционален рецепт беа дегустирани денеска на „Пивтијада 2017“ во Крива Паланка.

Манифестацијата се одржа на централниот градски плоштад.

– Околу 100 порции или од 7.000 до 8.000 парчиња пивтии беа подготвени за традиционалната манифестација и драго ми е што во вакви услови, на снежно и студено време, на гардскиот плоштад владееше вистински амбиент на Водици и празникот го прославивме заеднички, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Пивтиите ги приготвија учениците од угостителската паралелка на средното општинско училиште „Ѓорче Петров, под менторство на професор Дане Петровски и искусни готвачи на традиционална храна од градот. Овој гастономски специјалитет се дегустираше со топли напитоци кои ги поделија волонтерите од општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка.

Манифестацијата осма година по ред ја организира локалната самоуправа на општина Крива Паланка на големиот христијански празник Богојавление – Водици, по Богојавленскиот водосвет и фрлањето на крстот во водите на Крива Река.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски