Писмото за одземање на мандатот на Груевски доставено до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери го препрати писмото од судијката Добрила Кацарска за правосилната пресуда на пратеникот Никола Груевски до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која треба да се одлучува дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат, поради сторено кривично дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција.

Комисијата треба во рок од 15 дена да закаже седница, а откако ќе донесе заклучок во однос на мандатот на Груевски, Талат Џафери треба точката да ја стави на дневен ред на првата наредна пленарна седница.

Пратеничкиот мандат се одзема со двотретинско мнозинство, односно потребни се 80 пратеници.

Претседателот на комисијата, Павле Богоевски, засега не знае кога ќе ја закаже седницата на која ќе се одлучува за мандатот на Груевски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on