Писмо со сочувство од претседателот Иванов по повод земјотресот во Мексико

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Мексикански Држави Енрике Пења Нието по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на Мексико.

– Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа. Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство, вели претседателот Иванов.

Сигурен сум, господине претседател, додава Иванов во писмото со сочувство до неговиот мексикански колега, дека со вашето лидерство, Соединетите Мексикански Држави брзо ќе ги надминат последиците од оваа природна катастрофа.

Би можело да ве интересира

По ликвидацијата на Ел Менчo, 23 затвореници избегаа од затвор

А1он

Мексико во хаос: 74 мртви по смртта на „Ел Менчо“

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски

Масакр на фудбалски стадион во Мексико – убиени се најмалку 11 лица

Горан Наумовски