А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Писмо со сочувство од Горан Милевски до Лоренс Оер

by А1он15/07/2016 - 16:50169
Share0

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, заедно со членството на ЛДП, сочувствува со Францускиот народ во овие тешки времиња за целиот цивилизиран свет.

Добивај вести на вибер

“Синоќа, заедно го славевме Денот на Бастилја, на Француската Република, за денес заедно да тагуваме за трагичната загуба на невини животи во синоќешниот терористички напад во Ница. Во мое име и во име на ЛДП, прифатете ги нашите искрени сочувства за народот на Франција.

Силно го осудуваме секој чин на тероризам против слободните жители на Франција, кои кукавички беа нападнати додека ги славеа слободата и еднаквоста, двете основни вредности на либералните демократии низ целиот свет.

Кога некој врши насилство и тероризам врз слободните и мирољубиви граѓани на Франција, истата акција е насочена и кон целото слободно општество и нема никаква поврзаност со цивилизираниот свет.

Цврсто верувам дека од најголемо значење за сите нас е да се обединиме и да преземеме одлучни акции со цел да ги запреме терористичките напади, кои се закана за целиот човечки род, без разлика на раса, религија или етникум.

Јас сум уверен дека Франција ќе има сила и можност одговорните за овој грозен чин да ги изведе пред лицето на правдата.

Стоиме обединети, со Вас и со Вашите семејства и веруваме дека Франција ќе ја надмине оваа ужасна трагедија и од истата ќе излезе посилна и поодлучна од било кога!

ldp

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:4014/12/2025 - 11:42

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ24/11/2025 - 14:2724/11/2025 - 14:46

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Катерина Ѓуровски08/11/2025 - 09:30

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 10:57

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0519/10/2025 - 15:08

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен