Писмена реакција на СДСМ на соопштението на ФЗОМ

Од:

„Жалосно е што Фондот за здравствено осигурување не го препознава крајно негативното влијание на овој предлог во зголемувањето на родовиот јаз во Република Македонија и намален пристап на жените до пазарот на труд.

Иако проектот за исплата на породилните отсуства преку фирмите е предвиден да се имплементира до 2016 година насоките се јасни и основната цел што самиот ФЗОМ ја поставува е побрза исплата на породилните отсуства.

Од друга страна, во извештаите на ФЗОМ како главно постигнување е наведено дека породилните отсуства редовно се исплаќаат.

Бидејќи тоа што стои во извештаите и она што е зацртано во овој предлог проект е контрадикторно, прашањето е каде лаже ФЗОМ? Во извештаите или во предлог проектот?

Фондот за здравствено осигурување е должно на граѓаните, на жените родилки и на идните мајки да им објасни која е позадината на овој предлог проект“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски