Пиштолот на Мијалков бил приватен и со дозвола

Од:

Екс директорот на УБК Сашо Мијаков во изјава за Пресс24 ја потврдил случката на белградскиот аеродром каде во неговата патничка торба како што објавија српските медиуми бил откриен пиштол.

Мијалков го потврдува настанот и вели дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил. Пиштолот во торбата бил откриен на ренген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а Мијалков го продолжил патувањето.

Во однос на останатите шпекулации Мијалков потврдува дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на функцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник