Пишев: Заев незаконски го легализирал луксузниот хотелски комплекс „Цареви кули“

Од:

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев денеска на прес конференција го обвини градоначалникот на Струмица Зоран Заев дека незаконски го легализира хотелскиот комплекс „Цареви Кули“. Според Пишев, со оваа легализација бил изигран законот за легализација на дивоградби, бидејќи, објектот кој бил легализиран, Пишев вели дека бил изграден две години подоцна од законски предвидениот рок, март 2011.

– Иамаме случај на незаконско постапување, фалсификуавање и узурпација на државно земјиште. Иако објектот е изграден во 2013 година, намерно е прикажан дека е изграден во 2011 години за да се легализира овој криминал со законот од едно евро од квадрат. Узурпирана за приватни цели е огромна површина на државно земјиште со што се прави повеќекратна штета за граѓаните. СДСМ и Општината Струмица нема да може да ја спасат од срамниот криминал штурите соопштенија во по два-три реда во кои ништо не кажуваат само се правдаат, рече Пишев.

Додаде дека во 2011 година на тоа место имало само два дотраени објекти.

– Цела Струмица, а сега и цела Македонија знаат дека во 2011 гоидина, кога лажно прикажале дека се изградил овој објект, овде беше празна ливада со неколку дотраени објекти. Може да се види на снимките на гугл. На сателитските снимки од 2013 години се гледа дека има вистинска хациенда и огромен бесправно изграден хотелски комплекс, рече Пишев.

Тој ги повика институциите да го проверат овој сомнеж за криминал со легализација на 645 квадратни метри површина на комплексот „Цареви кули“. Фирмите на сопственикот на комплексот Коце Ристовски, Пишев ги поврзува со како што вели „богатата тендер мрежа на кланот Заеви“.

Пишев побара и оставка од градоначалникот Зоран Заев, сметајќи дека спорната легализација на комплексот „Цареви кули“ и изградбата на ТЦ „Глобал“ сведочат за „криминалното работење на Заев“.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Ѓуровски