Пишев: Општина Струмица имала превоз двојно поскап од Токио

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев во денешната изјава пред просториите на Специјалното јавно обвинителство, наведе дека според логиката на Фатиме Фетаи општина Струмица имала превоз двојно поскап од Токио.

– Секому е јасно дека Владе Талевски е жртва на политички прогон на СДСМ и СЈО. Толерирањето од страна на СЈО на основани сомнежи за тежок и огромен криминал што се одвива во општина Струмица под покровителство на Зоран Заев ја урива објективноста на СЈО и ја покажува нивната инструираност, рече Пишев.

Општината Струмица, како што додаде, е претворена во една голема пералница на пари.
– Струмичани плаќаат два пати поскап превоз од една Битола. Згора на тоа фирми на функционери на СДСМ добиваат милионски бизниси. Фирмите Тритерол само од општина Струмица имаат добиено тендери од 1.150.000 евра, а тендери добивале и од втората општина каде СДСМ има градоначалник, општина Куманово, истакна Пишев.

Додека СДСМ го насочува вниманието кон Битола и прави класична хајка, општина Струмица и Заев, како што рече Пишев, ја празнат општинската каса, и тендери добиваат фирми блиски до СДСМ.

Тој истакна дека за ова треба да реагираат институциите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ