Пишев: Нудиме напредок и подобра иднина за Струмица

Од:

Струмица е град кој заслужува напредок и подобра иднина. Ние таа иднина и тој напредок ќе му ја обезбедиме. Тоа можеме да го видиме и од поддршката која изминативе денови ја добиваме од граѓаните. Тие ги препознаваат нашите проекти, затоа што тоа е одговорот на нивните проблеми кои се напластуваа сите овие години наназад, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник за Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Досегашните средби со граѓани, како што вели, ги увериле оти ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе победи на овие локални избори, а заклучокот го темели не само на интересот на граѓаните да бидат со оваа партија во кампањата туку и заради тоа што и досега Владата на ВМРО-ДПМНЕ многу инвестирала во Струмица.

– Го развиваме земјоделието, изградивме педесет километри регионални и магистрални патишта, направивме во Струмица универзитетски кампус за две илјади студенти, ја опремивме Општата болница со опрема од два милиони евра, изградени се спортски сали, нова зграда на Заводот во Банско и многу други работи за подобар живот, рече Пишев.

Додаде дека во програмата што ја нуди предвидени се реални проекти со прецизни рокови и суми за остварување, како поврзување со меѓународните коридори за гас, изградба на систем за наводнување на браната Маркова река во Куклиш, нова Технолошко–индустриска развојна зона и со тоа нови вработувања во регионот.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“