Пировска: Пријави притисок!

Од:

„Пријатели и сограѓани, доколку директори, надредени, или партиски војници ви се закануваат, ве уценуваат, и ве малтретираат да одите на контра-протести, пратете ми слика од пораките и јас јавно ќе ја објавам злоупотребата и ќе го заштитам вашиот идентитет! Ве уверувам, вие ќе останете анонимни но притисоците ќе станат јавно видливи! Таквите притисоци (организиран мобинг) се НЕЗАКОНСКИ но во ситуација кога законите не се спроведуваат, се уште може да ве заштити окото на јавноста. Доколку не можете да пријавите а не знаете како да ги одбиете, измислете некој изговор: болни сте, имате прослава дома, имате други важни обврски и сл. НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВЕ ПРИСИЛУВА НА НИШТО! И нека не ве плашат со пишување „минуси“ – сите заедно ќе им го пишеме најголемиот минус!

Затоа повикувам на масовна операција за осветлување на злоупотребите! Да го впериме окото на јавноста кон нив и да им ја земеме силата! Стоп за малтретирањето на сопствениот народ!

СЕКОЈ ШТО САКА ДА ПОМОГНЕ НЕКА ЈА ИСКОПИРА ОВАА ПОРАКА (НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ, ТУКУ НАПИШЕТЕ И КАЈ СЕБЕ, ТАКА Е ПОЕФИКАСНО) И НЕКА ЈА ОБЈАВИ НА СОПСТВЕНИОТ ЅИД.“, напиша Уранија Пировска на својот Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“