Пијани Србинки се истепале во Охрид

Од:

Две државјанки на Србија и жител на струшкото село Калишта се приведени откако во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир пред угостителски објект во Охрид.

Како што соопшти МВР, на 31 јули околу 7:30 часот во СВР Охрид биле приведени Н.Ш. (42) од Калишта, Ј.Ц. (45) од Лесковац и Н.Б. (30) од Крушевац.

Според полицијата, по претходна пријава било утврдено дека меѓу двете српски државјанки избувнала физичка пресметка, по што Н.Ш. физички ја нападнал Н.Б.

При алкотестирањето кај двете државјанки на Србија биле измерени 2,21 и 2,18 промили алкохол во крвта, додека кај Н.Ш. биле регистрирани 1,52 промили.

По целосното документирање на случајот, против тројцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка