Пијан скопјанец возел автомобил, па удрил во паркиран „голф“

Од:

Синоќа на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го уапсија Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на улицата „Владимир Комаров“, тој со возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано возило „фолксваген голф“.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он