Пијан штипјанец во полициско возило го тепал полицаецот што возел

Од:

Инцидентот се случил вчеравечер во полициското возило на штипската полициска станица, јавува Канал 5.

Откако граѓани го пријавиле недоличното однесување на Т.К. органите на редот го привеле насилникот во полициското возило.

На пат кон полициската станица, нервозниот штипјанец не се смирил. Постојано и гласно упатувал навредливи зборови и пцости кон полицајците кои биле со него.

Но, агресивноста на 34 годишниот приведен не застанала само на зборови. Во еден момент, физички нападнал еден од полицајците.

Со брза интервенција на останатите кои било во возилото истиот е смирен, и избегната е можна сообраќајка, бидејки по добиените тупаници во пределот на лицето, возачот на полицискиот автомобил за момент изгубил концетрација и контрола врз автомобилот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ