Пијан наставник претепал ученик

Од:

Наставник по физичко воспитување во основното училиште “Кочо Рацин“ во Кратово, под дејство на алкохол претепал ученик.

Инцинтот се случил во училишниот двор, пред спортската сала кога 4 ученици по завршувањето на часот во дворот играле со снежни топки. Неколку од топките удриле во прозорецот од салата, по што влегол 60-годишниот наставник С.Д. го фатил едниот ученик за јакната, го турнал на земја и го удирал по нозете и слабината.

Останатите ученици го однеле претепаното момче во болница од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Над наставникот е извршено алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол во крвта од 0,48 промили, а против него ќе биде поднесена соодветена пријава.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи