Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Од:

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Вчера во 15.30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.К., на возраст од 48-години од Кавадарци.

„При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ co кавадаречки регистарски ознаки, престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ