Пицула, Фајон и Флекенштајн: Вие сте сонце во регионот – ја имате нашата целосна поддршка

Од:

Лесно е да се заложиме за вас кога сте позитивен пример, рекоа европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула на средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска, којашто се одржува во рамките на Регионалната Конференција „Еден Балкан кон ЕУ”, во Скопје.

Двајцата европратеници сметаат дека Република Северна Македонија е сонце во регионот и веруваат дека новата Методологија е позитивна за земјата.

Во рамките на Регионалната Конференција „Еден Балкан кон ЕУ” претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска одржаа средба и со Кнут Флекенштајн од Партијата на европски социјалисти, кој рече дека за почит е работата на Владата предводена од СДСМ што покрај решавањето на отворените прашања со соседите, интензивно работи на реформи кои се во интерес на граѓаните, спомнувајќи ги мерките за раст на минималната плата, социјалните мерки и сериозните чекори коишто се преземени за стабилна економија.

Заев и Шеќеринска изразија благодарност за постојаната поддршка на Република Северна Македонија, како и за поддршката на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“