Пицеријата и базата работат турбо, обвинителите го чекаат Нефи Усеини за по две години да одлучат дали ќе одговара за дивоградбите

Од:

Предметите за дивоградбите на Нефи Усеини кој е бизнисмен и поранешен советник од ДУИ во Општина Охрид, тапкаат во место. Повеќе од две години нема јавно обвинителска одлука за тоа дали Усеини ќе одговора бидејќи на државно земјиште изгради објект без дозвола во центарот на Охрид, а на друга локација, постави бетонска база без да добие одобрение од надлежните институции. Обвинителството во неколку наврати се правдаше дека споро се одвиваат процесите за предметите поради пандемијата и чекањето на вештачењата, за сега, да чекаат Усеини да се појави на распит. За бизнисменот се води и судска постапка поради тоа што натепа негов сограѓанин, но и таа тече споро, а натепаниот кој тврдеше дека му бил изваден и пиштол, не сака да сведочи пред судот. Двете постапки кои седат во обвинителската фиока, се за кривично дело бесправно градење.

„Во првиот предмет (за дивоизградената тераса кај Чинарот) Основното јавно обвинителство-Охрид уште во 2019 година нареди вештачење до Градежниот факултет во Скопје. По повеќе ургенции, надлежниот јавен обвинител беше известен дека вешатчењето се оддолжило заради пандемијата. Вештиот наод беше доставен до обвинителството на 17.06.2021 година. Обвинителството закажа испитување на сведоци и на осомничениот, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука. Во вториот предмет, истражната постапка не е завршена, бидејќи заради пандемијата не е извршено испитување на осомничениот, кое е  неопходно да се донесе одлука“, велат од Вишото јавно обвинителство – Битола на прашањето дали биле знаат зошто постапките во Основното обвинителство се водат толку долго.

„А1он“ дознава и дека споро и тешко се одвива постапката во Основниот суд-Охрид. Нефи и неговиот брат Ибро Усеини се гонат за нападот на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски кој е главен сведок. Според извори во судот, Топалоски одбил да сведочи за настанот, со образложение дека не сака да се присеќа на тие моменти бидејќи му лошо му влијаат. Тој беше нападнат пред охридски хотел во август минатата година. На судењата, редовно не се појавува ниту Нефи Усиени. Предметот ќе биде тежок за судење, иако навидум изгледа лесен, токму поради тоа што Топалоски одбива да сведочи против Усеини. Претходно, нападнатиот за „А1он“ сведочеше дека Нефи Усеини му извадил пиштол на син му, а потоа го тепал со други лица удирајќи го по главата.

Освен овој предмет, во судот во Охрид тече и постапката против Усеини за претепувањето на советникот во Општина Охрид, Џемал Мена. Првото рочиште беше одложено бидејќи Нефи Усеини беше на патување, а судот го прифати тоа како аргумент за спреченост да дојде.

Усеини се гони дека сторил кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Ова е втор предмет за физичко насилство кој е во судска постапка против Усеини, а четири предмети за други дела се водат во Обвинителството. Обвинителниот предлог против Усеини е напишан на две страници. Во него е опишано, како во јуни 2019 година, Усеини, незадоволен од тоа како сакал да гласа неговиот тогашен колега Џемал Мена за точка на дневен ред, го натепал пред останатите советници во Општина Охрид. Во него се наведени сите повреди кои му биле нанесени на Мена.

Советникот во Општина Охрид од Беса, Џемал Мена пред две години и за „А1он“ сведочеше дека бил тепан во салата за одржување на седници, во присуство на градоначалникот Константин Георгиески.

Охридското обвинителство покрај обвинителниот предлог за овој случај, одлучи да не го гони Усеини за нападот на инспекторот кој наместо да изврши надзор, беше набркан од дивоградба кај Чинарот. На Усеини за овој случај му беше поднесена кривична пријава од инспекторот во полицијата за три кривични дела, односно, спречување службено лице во вршење на службено дејствие, загрозување на сигурноста и фалсификување службена исправа. Обвинителот не спори дека Усеини ги сторил делата, но тврди дека тие не се гонат по службена должност. Ова беше вторпат како Обвинителството не се гони Нефи Усеини со образложение дека делата не се гонат по службена должност. Претходно, беше отфрлена пријава од професорот Илјаз Илјази, инцидент од кој „А1он“ објави видео.

Против Усеини се водат и други три предмети, а против неговата фирма „Нефи-ИК“ се води еден предмет. Скоро сите предмети за Усеини се во истражна постапка, освен еден за кој има обвинителен предлог. Во тек е и судењето против Усеини за нападот на сограѓанин.

 

Би можело да ве интересира

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон колешката Емилија Мисирлиевски

А1он