Петти локални избори во Македонија

Од:

Во Македонија денеска се одржуваат петтите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

На 2.976 гласачки места за 350 кандидати за градоначалници и за 480 листи за советници својот глас треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

За Советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.

Локалните избори, според Државната изборна комисија, ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Вчера гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Гласањето денеска започнува во 7 часот и трае непрекинато до 19 часот, кога се затвораат избирачките места. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа ќе им се овозможи да гласаат.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето.

ОИК односно изборната комисија на градот Скопје резултатите од гласањето ги пресметува врз основа на записниците со сумираните резултати од избирачките одбори и целокупниот изборен материјал. ОИК односно изборната комисија на градот Скопје резултатите ги утврдува според бројот на гласовите што ги добиле листите на кандидати за членови на советот односно за градоначалник, одделно врз основа на сумираните резултати од избирачките одбори.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

ОИК првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.

Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ОИК за градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Втор круг ќе се одржи во општините каде ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, а се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Ова се петтите локални избори во Македонија по независноста. Првите се одржаа во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он

Јанчев од Левица: Македонија повеќе нема луксуз да се движи по овој поданички пат!

А1он