Петти ден изборна кампања, партиите ги претставуваат програмите на терен

Од:

На петтиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе ги посети Виница и Кочани.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во село Отља во општина Липково, а Алијансата за Албанците изборната програма ќе ја претстави во Чаир и Студеничани.

Носителите на кандидатските листи во изборните единици 1 и 4 од Коалицијата „ВМРО за Македонија“, Ден Дончев и Љубчо Георгиевски, денеска ќе имаат средби со граѓани во Скопје.

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конференција ќе го презентира првиот извештај од досегашниот тек на набљудување на изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он