Петта Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола

Од:

Полицијата е еден од инструментите на државата  во функција на спроведување на законот и владеење на правото. Широките овластувања подрзабираат и голема моќ, а тоа само по себе повлекува и зголемен ризик од нејзина злоупотреба, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во поздравното обраќање на петтата дводневна Регионална конференција на единиците за внатрешна контрола.

Токму поради тоа, како што рече Јанкулоска, силно ја охрабрува и дава целосна поддршка на, како што рече, „непоколеблива внатрешна контрола која навремено ќе ги детектира сите злоупотреби на полициските службеници и ефективно ќе се справува со истите“.

Според Јанкулоска граѓаните очекуваат полиција со висок интегритет која ги извршува задачите во согласност со највисоките стандарди и која ќе биде прва во почитувањето на истите.

– МВР и во иднина останува посветено на борбата против корупцијата, незаконско и непрофесионално постапување на полициските службеници, а во таа насока ќе ги примени потребните алатки кои ќе овозможат детектирање и санкционирање на секој конкретен случај во пракса, потенцираше Јанкулоска.

Петтата по ред конференција на полициските сектори за внатрешна контрола на полициите од регионот, која започна синоќа и чиј што домаќин е македонското МВР, се реализира во коорганизација со Одделот за полициска програма на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол