Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Од:

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово, рече на прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година.

4 милиони евра заработил Заев за да му овозможи на прорускиот бизнисмен Дака да гради бетонска џунгла, се вели во аудио снимките на кои Дака и посредникот на Заев, Кичеец разговараат во детали.

Затоа, СДС, Заев и Филипче се должни да одговорат дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра?

Кога станува збор за криминал и корупција, СДС, Заев и Филипче се спремни да направат се, само да го наполнат сопствениот џеб.

ЈО мора да ги истражи овие сомнежи, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот