Петрушевски: За 24 километри пруга кон Бугарија власта на СДСМ и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра

Од:

Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат вели пратеникот на ВНРО-ДПМНЕ Вране Петрушевски.

– Неодговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри. Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра. Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата. Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?