Петрушевски: Состојбата со енергетската криза е алармантна, а СДСМ и ДУИ се однесуваат ноншалантно

Од:

Поради критичните состојби во енергетскиот сектор, пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесе амандмани со цел намалување на ефектите на кризата што ни претстои, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Бараме да се префрлат средства во АД Електрани на Македонија со цел цената за домаќинствата и малите потрошувачи да остане непроменета. Дополнително бараме од нашите колеги од власта да покажат разбирање и за правните субјекти кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар и на нив да им обезбедиме финансиска поддршка во овој критичен период. Повисоки цени на електрична енергија кај фирмите, значи поскапи цени на сите производи што ги купува секој од нас“, нагласи Петрушевски.

Тој додаде дека имаат поднесено и амандман што се однесува на финансиска поддршка на домаќинствата кои ќе набават агрегати за електрична енергија.

„Министерот гарантира дека домаќинствата ќе имаат струја до Нова година, што потоа никој не знае“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека состојбата со енергетската криза е алармантна, а СДСМ и ДУИ се однесуваат ноншалантно и воопшто не се загрижени.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата