Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

Од:

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше.

СДС и Венко Филипче или имаат многу лош ПР или мислат дека народот заборава кои се тие.

СДС се партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Заев, викаше како ако го смени името ќе му се скине жицата, го смени, а од жицата ништо, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега и Филипче си најде своја жица, ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона бизнис за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот.

Венко Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на се, и тоа народот го гледа.

Никој не очекува од СДС и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа, затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден