Петрушевски: Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари на приватни патувања

Од:

Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, само потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани. Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра. Пеце Мирчевски одел до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар. Аздисаноста за шетање на државен трошок од приватен карактер ја чинеле државата и пари и углед. Одговорност има, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела