Петрушевски: ОТА е во центарот на шпионски скандал, грчки медиуми пишуваат за софтвер кој е проблематичен и за НАТО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели предупреди дека Владата преку ОТА набавила опрема за следење на комуникациите за која нема законска рамка. За нашите индиции и сомнежи дека власта може да нелегално да следи 2 милиони граѓани го известивме ЈО. Реакција уште нема рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Од новинарско истражување на грчкото Инсајд Стори и македонската ИРЛ дознаваме дека ОТА уште во 2020 година купила шпионски софтвер за следење на интернет комуникацијата на граѓаните наречен Предатор. Според истражувањето, новинарите тврдат дека шпионскиот софтвер е набавен како од македонската ОТА, така и од грчката служба. Во истражувањето се наведува дополнително дека македонската и грчката служба имале неколку средби, по што во 2022 година направиле и нацрт договор за соработка и размена на класифицирани и некласифицирани информации кои произлегуваат од следењето на податоците, а врховно одговорен за ова е Димитар Ковачевски, кој како премиер е одговорен за координирање на овие служби, рече Петрушевски.

Тој тврди дека овој софтвер кој го поседува ОТА е проблематичен и за самиот НАТО.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела