Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче

Од:

Фирмата која му го купила луксузниот џип на Филипче, Зобек мининг груп продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30-тина. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, рече на прес конференција паратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бран Петрушевски.

– Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јаглен исплатила девет милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра. Оваа фирма на Заев е регистрирана на истата адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Додека Заев и Филипче велеле дека немаат врска со државни тендери, тие всушност биле во милионска шема со државни тендери.Ова почитувани е скандал за кој ЈО мора веднаш да отвори постапка и да реагира. Милиони евра завршиле во фирми на Заев, блиски до Филипче само од еден тендер. Одговорност мора да има, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО