Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ, граѓаните чекале, а немало потреба

Од:

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како заради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба.

Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени.

Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција.

Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.

Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква.

Што работеле СДС и ДУИ во здравството?

Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга.

Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол